DELGROSSO е основана во 1951 година и е насочена кон производство на филтри за автомобили од 1960 година, а од крајот на 1979 година на пазарот нуди филтри за нафта, воздух и гориво под името CLEAN FILTERS. Компанијата остварува соработка со многу производители на автомобили и мотори, благодарение на што DELGROSSO доаѓа во првите редови и кај производителите на филтри за афтер-маркет.

ФИЛТРИ ЗА МАЛСО


CLEAN филтрите за масло, благодарение на современите материјали и прецизниот избор на филтер-медиуми, гарантираат одлична механичка и термичка издржливост и го блокираат преминот на загадувачи (остатоци од согорување, како и остатоци од триење на механички делови). Тие создаваат непропустлива бариера за нечистотиите, го намалуваат зголемувањето на вискозноста на маслото предизвикано од нечистотии кои пак се одговорни за абење на механичките делови; ги издржуваат сите механички и термички оптоварувања на моторот.

ВОЗДУШНИ ФИЛТРИ


Правилната работа на моторот зависи од квалитетот на филтерот за воздух. Филтрите за воздух на CLEAN се произведуваат со употреба на суровини со највисок квалитет, користејќи ги најновите технологии и медиуми за филтрирање, развиени од истражувачкиот центар. Тие помагаат да се оптимизира вистинската мешавина на гориво со воздух, намалувајќи ја потрошувачката; го заштитуваат електронскиот и механичкиот систем - мерачи на воздухот, водилки за вентили и седалки на вентили; значително го намалуваат работниот шум.

ФИЛТРИ ЗА ГОРИВО


Филтрите за гориво-дизел на CLEAN достигнуваат стапка на филтрација од 5 μm, блокирајки ги талогот и загадувачите, ја одвојуваат водата од горивото и го сигнализираат неговото присуство во вентилот за вода - гарантираат долг живот и голема издржливост на стрес. Сместени помеѓу пумпата и инјекторите, CLEAN бензинските филтри обезбедуваат правилна заштитна бариера во системот за вбризгување за честички во опсег од 3-5 μm. Тие се технолошки напреднати со најновите генерации на медиуми за производство на флтри.

Понуда која може да ги исполни сите технички и функционални побарувања на сите членови на автомобилскиот пост-продажен пазар, на производителите на сите типови мотори за камиони, автомобили, индустриски возила, земјоделски машини, тешка опрема, морски мотори и машински алати.

ПОРАЧАЈ ОНЛАЈН