DAYCO е светски лидер во дизајнирањето и изработката на компонентите за ременскиот систем (ремени и затегачи), за прво-фабрично вградување во автомобилската индустрија. На пазарот за резервни делови, DAYCO одржува сеопфатна, постојано ажурирана понуда на високо квалитетни компоненти за ременскиот стистем на возилото.

РЕБРАСТ РЕМЕН


Водечки производител на ребрасти ремени дизајнирани со иновативни материјали, со различни структури и профили на забците, за да ги задоволат перформансите на современите мотори на дизел и бензин. Сетовите на Dayco нудат OE квалитет или пак еквивалентни компоненти за целосна замена на сите самостојни делови (ремени и цврсти компоненти). Сетовите се унапредуваат и развиваат во согласност со упатствата на производителот на автомобили.

ПК РЕМЕНИ
Poly-V belts


Мулти-каналните каиши се изработени од EPDM (етилен-пропилен-диен-мономер) материјал и ги исполнуваат најновите стандарди што ги бара автомобилската индустрија, гарантирајќи трајност, сигурност, низок шум и подолг век на експлоатација. Континуираното истражување и доследната соработка со сите производители на автомобили, му дадоа можност на DAYCO да создаде комплетни системи кои ги исполнуваат сите технички барања.

КЛИНЕСТИ РЕМЕНИ
V-belts


Наменети за ефикасно пренесување на моќност, DAYCO клиенстиот ремен комбиниран со патентираниот запчанички дизајн на DAYCO обезбедува најдобри перформанси за возилата и моторите кои сè уште користат V-ремени. V-ременот овозможува поголема флексибилност и го зголемува протокот на воздухот околу ременот, така што работи на пониска температура и трае подолго.

ЕЛАСТИЧНИ РЕМЕН


Т.н. еластичени ремени се специјално дизајнирани за погони со 2 до 4 погонски точки кои не бараат напрегање. Иако изгледаат како стандардни poly-V ремени, тие се многу различни. Овие специјално дизајнирани ремени имаат можности за само затегнување кое е потребно за специфични OE делови. Корисниците на возила произведени со еластични ремени, мора да ги заменат ремените со ист тип. Тие не се заменливи со стандардни ремени со иста големина.

ЗАТЕГАЧИ И РЕМЕНИЦИ


Главната улога на ременицата на радилица е да ги намали нејзините вибрации, да го намали шумот на моторот, како и да го заштити од оштетување. Ременицата мора да се замени кога гумениот апсорбирачки елемент е премногу истрошен, се со цел да се намалат вибрациите.

Се препорачува да се провери цврстината на гумениот прстен. Овие фиксни и автоматски компоненти на затегнување на Dayco мора да ги задоволат растечките потреби на производителите: се помал работен простор во моторот; високи температури; постојан стрес; зголемен интервал за замена на компонентата.

ПОГОНСКО ЛАНЧЕ
Ela belt


Искуството на DAYCO во системите за пренос доведе до нов производ: ланец на пренос. Долгата традиција на DAYCO и искуството во областа на преносот на енергија, заедно со важноста на квалитетот, тестирањето и сигурноста, доведоа до успешно создавање на цел еден спектар на погонски ланчиња со докажана сила и издржливост.

100-годишното искуство на DAYCO во погонските системи ни овозможува да одговориме на сите потреби на клиентите со најефикасни погонски системи и да ги исполниме специфичните барања на производителот. Глобалната мрежа за дистрибуција на DAYCO го опслужува пост-продажниот пазар со цел спектар на сетови и единечни производи.

ПОРАЧАЈ ОНЛАЈН