Со повеќе од 42 години искуство, IR е докажан лидер во производството и дистрибуцијата на резервни компоненти за суспензија на автомобили – јабучици, спони, оски, стабилизатори...
СТАНДАРД ЗА КВАЛИТЕТ
Производството на производи со висок квалитет секогаш ќе биде најважното достигнување во индустријата. Деловите за кои е одговорна компанијата IR имаат клучна улога во возилото и безбедноста пред се. За ова, се почитуваат стандардите ISO 9001 и TS, како и ISO 14001 за заштита на животната средина.
РАЗНОЛИЧНОСТ
Лансирањето на 100 нови производи секоја година и одржување на опсег од над 4.000 артикали годишно е една од главните задачи на компанијата. Континуирано истражување, развој на нови делови и тестирање на материјали во однос на перформансите, удобноста, безбедноста и издржливоста се одговорности на одделот за истражување и развој.
ВОДЕЧКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ
Моќна организација на производство со капацитет од 2 милиони suspension arms (рамења) и 5 милиони silent blocks (чаури) годишно, со постојан развој во процесите, истражување на производи и пазари и подобрувања. Потребно е навистина ефикасно управување со залихите. Затоа, во овие две групи на производи, ИР е лидер на светскиот пазар.
КВАЛИТЕТНА УСЛУГА
IR има производствени капацитети во Шпанија, Индија, Бразил и Аргентина. Оваа богата мрежа на фабрики помага за правилното управуваање со ресурсите и оптимизација на времето за дистрибуција. На овој начин, компанијата одржува конкурентни крајни цени и брза услуга ширум светот.
Благодарение на континуираниот раст и развојот на технологијата, ИР стана водечка светска производствена компанија за компоненти на суспензија, исклучиво за потребите на независниот пост-продажен пазар.